Домашна терапија против брчки

1273

Во борбата со времето и пратите кои ги оставаме врз нашата кожа, најчесто се доверуваме на скапата козметика.

Покрај неа, не смееме да заборавиме и за други компоненти кои низ времето докажале својата ефикасност во грижата за младоста и убавината на кожата.

Денес споделуваме една домашна маска, која ќе ги задоволи и најпребирливите дами.

Потребните состојки се:

  • 1 жолчка од јајце
  • 2 лажички бадемово масло (може да го замените со маслиново масло)
  • 1 лажичка сомелена морска сол
  • 2 лажички екстракт од камилица
  • 1/2 лажичка мед
  • 2 лажички козметички вазелин

Најпрво сварете напивка од камилица и оставете да се излади. Потоа во чинија измешајте ги сите состојки добро.

Нанесете врз исчистени лице и врат со лесни масажни движења без да триете.

Масирајте го бавно лицето во текот на неколку минути. Потоа оставете ја маската да делува 10 минути. Исплакнете го лицето со вода и нежно избришете со чиста крпа.