Без разлика колку пати сте боледувале од грип и настинка во зимската сезона, најверојатно уште верувате на некои митови за тоа што може да ги предизвика.
За жал, топлата облека и пиењето витамини не се доволни да ве зачуваат здрави за време на ниските температури, но сепак помагаат.
Еве и кои се најголемите митови за разболувањето од грип:
1. Излегување со влажна коса
Ако не сте ја исушиле добро косата по туширање, ќе го почувствувате поопипливо студот надвор, но нема да се судрите со грипот. Тој е предизвикан од вируси, а тие се пренесуваат со личен контакт (некој шмрка, кашла или кивнува околу вас), тврди Хедер Рис, медицински директор на клиниката Urgent Care North Huntingdon во Пенсилванија.
2. Малку се облекувате во зима
Без разлика дали носите 3 ката облека или еден, ако околу вас има болен човек, шансата да фатите некој вирус е еднаква.
3. Разболување од вакцина
“Грипот е жив вирус, додека вакцината се создава од” мртов “вирус. Нема како да се заразите со жив вирус од мртов “, убедена е Рис.
По вакцинацијата може да почувствувате некои несакани ефекти како што се болки во мускулите, главоболка или осип, но тие се поврзани со самата имунизација. Вакцината почнува да работи 2 недели откако е поставена, па ако се разболите во овој период, тоа не е од неа.
4. Недостаток на доволно витамин Ц
Со текот на годините се испишани доста работи за тоа како витаминот Ц може да ве спаси од грипови и настинки. Вистината е дека тој го зајакнува значително имунолошкиот систем, но сам по себе не може да служи за превенција од различни вирусни заболувања.
5. Во друштво на болен
Се разбира, ако крај вас има болен човек, кој пренесува бацили со кашлање, кивање и шмркање има голема веројатност и вие да се разболите. Но, симптомите на болеста се појавуваат 5-7 дена пред таа да кутне еден човек, па дури и да изгледа здрав, тој всушност може да ве разболи, ако разговарате во тоа време. Освен тоа вирусите се пренесуваат и преку допир или употреба на предмети кои ги користел и болен, па не е задолжително тој да е во собата, за да добиете и вие некоја зимска болест.