“Слуга и цар” е новиот албум на Тони Шоу | Видео

432

“Слуга и цар” е новиот албум на Тони Шоу насловен по неговиот најголем хит, и е компилација на стари и нови песни кои ја одбележаа неговата долгогодишна кариера.

Албумот се состои од 10 песни и еден кавер со тенорот Христо Арсовски, кој е издаден во декември 2022г. а како издаваач се јавува неговата продукција Тони Шоу мк мјузик.

Оваа година Тони Апостоловиќ ќе прослави 20 години соло кариера под псевдонимот Тони Шоу и уште многу години претходно бендовска кариера богата со многу песни,спотови,фестивалски настапи, а се појавува и како автор на многу дела за себе и други артисти.

Годините наназад има остварено соработка со многу наши автори и композитори од кои би ги издволе: Григор Копров, Стевче Грозданов, Борче Нечовски, Драган Ристовски, Огнен Неделковски, Валентин Скендеровски, Блаже Темелков, Горан Милошоски, Владимир Дојчиновски, Саше Младеновски, Илија Ампевски, Дарко Тасев, Златко Симионов, Ангел Ќосев, Кристијан Габровски, Трајче Давков и многу други.

“Чувај ме” е последната песна и спот со која го најави новиот албум, а е авторско дело на  Тони Шоу / музика – Борче Нечовски /текст и аранжер и продуцент Кристијан Габровски додека спотот го изработи продукцијата Тони Шоу мк мјузик под режисерска палка на Влатко Павлески.

Голема благодарност до МКЦ и Прима данца као и сите учесници во спотот.