Отпорот кон вакцините е стар колку и самата вакцина, првиот протест се одржал во 1885 година

2247

Расправиите за вакцините се воделе исклучиво во медицинските кругови пред воведувањето на задолжителната вакцинација против сипаници во Англија во 1853 година за деца од семејства кои примале социјална помош.

И францускиот хемичар и биолог Louis Pasteur некогаш бил нарекуван „научник-волшебник“, а скептицизмот за вакцината е стар колку и самата вакцинација, пишува францускиот историчар Laurent-Henri Vignaud во својата книга “Antivax”, дело кое следи два века од антиваксерското движење.

„Таквите движења отсекогаш постоеле“, истакнува Vignaud, историчар на наука од Универзитетот во Бургундија, познат како Универзитет во Дижон, во интервју за AFP.

Контроверзност од 1796 година

Тој се сеќава дека во 1796 година англискиот лекар Edward Jenner, кој се смета за татко на имунизацијата, предизвикал контроверзии во руралната Англија со своите постапки. Имено, тој открил дека имунитет кон големи сипаници се создава и со вакцинирање на лице со вирус на сипаници од лезии. Во 1796 година, Jenner ја вовел вакцината или инокулум на сипаници во организмот на момчето James Phipps. Тој инокулираната течност ја нарекол вакцина, а постапката вакцинација, од латинскиот збор „vacca“ што значи крава, додека од латинскиот збор „inoculatio“ доаѓа зборот вакцинација.

Вакцинацијата од овој тип наскоро била спроведена низ целиот свет. Во 19 век, вирусот на сипаници бил заменет со вирусот вакцинија (Virus vacciniae).

„Вакцинацијата ќе не претвори во крави“

Вакцинија е вирус од исто семејство како вирусот на вариола и сипаници, но сепак е генетски различен од нив. Така, вакцинацијата на момчето била успешна, но „колегите лекари тогаш го уверувале дека – пренесувањето на крв од крава ќе нѐ претвори во крави“, вели историчарот.

Дискусијата за вакцината во тоа време е спроведена „исклучиво во медицински кругови“, пред да 1853 година, во согласност со тогашниот англиски закон, се воведе задолжителна вакцинација против големи сипаници за деца од семејства кои примаат социјална помош. Ако родителите одбиле да го вакцинираат детето / децата, им било ускратено правото на социјална помош.

На првиот протест се собрале околу 100.000 луѓе

Протести биле организирани против „таквата уцена“, а најголемите се одржале во 1885 година во Лестер пред дури 100.000 луѓе. Тој прв антиваксерски протест во историјата имал и последици. Во 1906 година, бил воведен нов закон со кој се проширува обврската за вакцинација, но дозволува секој што ќе потпише клаузула за одбивање да биде изземен – сѐ уште е во сила денес во Обединетото Кралство. Оттогаш се одржале протести во неколку европски земји и во Америка, иако ретко во Франција, бидејќи законот од 1902 година за обврска ретко се спроведува.

“Контролата им е доверена на градските администрации кои не се склони кон идејата за воведување парични казни за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат. Кога станува збор за обврската за вакцинација во училиштата, на наставниците не се гледало како на еден вид полицајци“, вели историчарот.

Но, колегите лекари на Pasteur жестоко се спротивставиле кога научникот развил вакцина против беснило во 1885 година.

“Неговото достигнување било крајно лошо прифатено и тој бил прогласен за научник-волшебник”, вели Vignaud.

Вакцинацијата спасила милиони животи

Но, Pasteur „е упорен и истакнува дека и други вакцини можат да се развијат на сличен начин“, вклучително и онаа против тифус, која е предизвикана од нечистотија и нехигиенски услови на војување. Вакцината против тифус била широко користена за време на Првата светска војна, и покрај „маргиналното противење“. И тогаш во 1950-тите и 1960-тите, професијата ја препозна вакцината, особено кога научните истражувања ги покажале придобивките од вакцинацијата против, на пример, детска парализа.

Работата на Louis Pasteur на микроорганизми спасил животи на милиони луѓе ширум светот. Тој развил метод за намалување на ефектот на бактериите врз храната и пијалоците со загревање и ладење супстанции, сега познати како пастеризација, и развил вакцини против болести како што се антракс, колера и беснило.

Лажна студија на Andrew Wakefield

„Разликите во мислењата биле особено изразени во 1960-тите“ со зголемување на тужбите во Соединетите држави поради несакани ефекти од вакцината. Во 1986 година, била составена листа на несакани ефекти за кои жртвите можеле да добијат надомест. За прв пат, науката јавно признава дека вакцините можат да и наштетат на неколкумина, со што „сомнежот е легитимен“, вели францускиот историчар.

Истото сомневање почнало да се шири во Франција кон крајот на 1990-тите години кога била иницирана систематска вакцинација на адолесценти против хепатитис Б. Но, кратко по тоа е прекинато, поточно по известувањето за тоа дека вакцината се поврзува со случаи на атросклероза, што никогаш научно не било ппотврдено.
Скептицизмот дополнително се зголемил кога во 1998 година во Обединетото Кралство, научникот Andrew Wakefield објавил лажна студија, која подоцна била демантирана, поврзувајќи ја вакцината против морбили со развојот на аутизам. Vignaud потсетува дека „за само неколку месеци, бројот на вакцинирани деца паднал на нула“.

Движењето прераснало во недоверба кон државата

Затоа, вели францускиот историчар, дури и ако бројот на вистински антиваксери не расте, општеството е сѐ повеќе скептично кога станува збор за вакцинација. „Тие мислат: аха, вакцина…, не знам дали делува или дали навистина ми треба“, вели Vignaud. „Во исто време, има сѐ повеќе вакцини против болести кои често се сметаат за бенигни, како што се заушки или сипаници, а неупатените всушност се штитат од таа „ескалација“ на вакцината.

Во Франција во 2009 година, „лажната пандемија“ на грип тип A (H1N1) додаде политичка димензија. По предупредувањето на WHO за претстојниот опасен бран на грип, кој на крајот ќе се покаже како претерано, владата нарачува големи количини вакцини. Но, епидемијата е отсутна. Соочени со „мерка на претпазливост прогласена залудно“, многу Французи сметаат дека тоа е „договор меѓу властите и фармацевтското лоби како дел од движењето против големата фармацевтска теорија на заговор“.

Vignaud заклучува дека скептицизмот против вакцината оттогаш прерасна во „недоверба“ кон државата.