Најголемиот метеорит од Марс продаден за рекордна цена на жестока аукција ! „Би било штета ако исчезне во трезорот на некој олигарх“

576

Марсовски метеорит е продаден за рекордни 4,9 милиони евра на анонимен купувач.

Редок метеорит од Марс со тежина од 24,67 килограми сруши рекорди на аукциската куќа „Sotheby“, откако беше продаден за речиси 4,9 милиони евра во жестока конкуренција. Познат како NWA-16788, метеоритот е најтешката марсовска карпа пронајдена на Земјата. Тој значително го надминува претходниот рекордер, Taoudenni 002 (14,51 кг), откриен во Мали во 2021 година.

Аукцијата се одржа на 16 јули, а очекувањата беа дека ќе достигне цена помеѓу 1,85 и 3,7 милиони евра, но конечната цена достигна дури 4,9 милиони евра. Купувачот, сепак, остана анонимен.

Има многу ретки карактеристики

Според „Sotheby“, метеоритот „покажува минимално абење на Земјата, што значи дека неговиот физички и хемиски состав не се променил значително откако пристигнал во Сахара“. Исто така, се вели дека „се формирал од бавното ладење на марсовската магма и се карактеризира со грубо зрнеста текстура составена претежно од пироксен, маскелинит и оливин“. Ова се исклучително ретки карактеристики, бидејќи само 5,4 проценти од познатите марсовски метеорити ја имаат оваа класификација.

Присуството на зони на топење од удар и маскелинитот укажува дека метеоритот бил исфрлен од Марс од моќен удар од астероид. Го пронашол ловец на метеорити во регионот Agadez во Niger во ноември 2023 година и го потврдил автентичноста во Музејот на астрономијата во Шангај.

Би било штета ако исчезне во трезорот на некој олигарх, изјави за CNN, Steve Brusatte, од Британскиот универзитет во Edinburgh.

Научниот интерес ќе остане, а можеби новиот сопственик е многу заинтересиран за учење, па затоа сè уште можеме да добиеме многу научни информации од него, изјави за CNN, Julia Cartwright од Универзитетот во Leicester во Велика Британија.

Извор: Science Alert