Осум најчести родителски заблуди

203

Кај народот се вкоренети многу верувања, кои често пати им пречат на младите мајки и татковци да уживаат во радостите на родителството.

Од мноштвото заблуди и предрасуди издвојуваме осум, кои се најраспространети.

Сите тие предрасуди претежно сме ги наследиле од нашите мајки и баби, но има и такви кои се појавија неодамна

  1. Мајките веднаш се вљубуваат во своето дете

Не мора да биде така и тоа е сосема нормално. Имено се случува вашето бебе да не е баш такво, какво што сте го замислувале и потребно ви е време да прифатите дека тоа е вашето дете и да го засакате. Меѓутоа мајките често пати се шокирани, бидејќи во своето срце веднаш не наоѓаат доволно љубов за тоа мало суштество, поради што често ги прогонува чувство на вина, што не сакаат да си го признаат ниту на себе, ниту на другите. Признајте како навистина се чувствувате и нема да постои причина за вина и срам, па брзо ќе го сакате своето дете, такво како што е.

  1. Бебињата кои долго дојат не можат да се одвојат од својата мајка

Природата се погрижила децата во голема мера да зависат од мајката, бидејќи тие ги одгледуваат и им помагаат да станат силни. Меѓутоа се заборава дека природата го смислила и механизмот на постепено одвојување на детето од мајката. Бебето на процесот на одвојување е подготвено од осум до десет месеци, кога покажува поголема заинтересираност за светот, што го опкружува, што му станува поважно од мајчините гради.

  1. Бебето не го разбира значењето на зборовите и поради тоа нема потреба да му ги појаснувате своите постапки

Напротив. Психолозите се согласуваат дека и детето чувствува потреба да биде упатено во промените кои се случуваат во семејството. Затоа е подобро да го запознаете детето со сите случувања во домот и воопшто не е важно што тоа не ги разбира зборовите, доволно е што тоа многу добро ги чувствува работите.

  1. Со бебето не треба да одите на јавни места, бидејќи му се потребни мир и тишина

Детето до една година има потреба од постојан пристап до своите родители, но и за нови впечатоци. Децата можат безгрижно да спијат дури и при голема врева, па така за многу млади родители, кои немаат кому да му го остават детето на чување шетањето со него е вистински спас. Секако тука може да дојдат предвид посети на концерти на класична и полесна музика, престој во ресторани, посета на роднини и пријатели.

Продолжува на страна 2