-
Доколку често го држите детето во раце, тоа ќе се разгали
Популарноста на оваа предрасуда се поврзува со чувството на збунетост и стравот на родителите пред детето, бидејќи сега нивниот живот зависи од неговите потреби. Во непосреден контакт со телото на мајката, детето ја чувствува топлината на раката, ги слуша отчукувањата на срцето и сето тоа му е доволно за да се чувствува заштитено. Затоа не грижете се дека ќе го разгалите детето, туку пружете му заштите кога и да му е потребна.
-
Добрите мајки имаат добри деца (не плачат и не се разболуваат)
Оваа заблуда потекнува од патријархалното време, кога мајчинството било единствена сфера во која жената се сметала за компетентна. Детето може да биде немирно, да плаче, да биде болно, а ништо од тоа не зависи од „квалитетот“ на родителите.
-
Татковците треба да умеат да го смират детето, исто толку добро како и мајката
За жал не умеат. Денес се повеќе татковци се трудат да учествуваат во негата на детето. При тоа тие себе не се сметаат за полноправни учесници во тоа, туку пред се за одлични помошници. Мајките мошне често не се подготвени да им понудат решение, како да го нахранат бебето, како да го облечат или да го подготват за спиење. Критериумот за правилно татковство се огледа во нивната способност сами да го пронајдат својот метод, поинаков од тој на мајката.
-
Доколку родителите се дружељубиви и децата ќе станат такви
Доколку дружељубивоста се пренесуваше преку гените, можеби ова би било точно. Но зал жал во пракса работите се поинакви. За детето да стане отворено, искрено и дружељубиво потребно е многу работа со него.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















