Исповед на необична мајка | Зошто решив на моите деца да им ги одземам паметните телефони

446

Откако им купила паметни телефони, Амалија Ивезиќ сфатила дека имаат разурнувачко влијание врз животот на нејзините тинејџери. Открива што се променило откако им ги земала.

Откако добиле паметни телефони во животот на моите деца сè се променило. Одеднаш им се намалил светот на неколку социјални мрежи, пораки, коментирање фотографии … Попуштиле страшно во училиште, престанале да се забавуваат, им се ограничил секојдневниот живот. А потоа, по една година на набљудување и размислување, одлучив да им ги одземам паметните телефони. Ивона оди во седмо одделение и има 13 години, а Иван има 14 години и оди во осмо одделение. Од тогаш, апсолутно сѐ се промени – раскажува Амалија Ивезиќ, мајка на три деца, која освен двајца тинејџери има и шестгодишен син Марко.

На овој потег се одлучила откако сфатила дека нејзините деца се помалку заинтересирани за учење и социјализација, а своето слободно време го поминуваат на апликациите за комуникација и социјалните мрежи, наместо во вистинското друштво на луѓето.

Нема социјализација

  • – Класниот раководител на мојата ќерка на родителска средба рече дека забележал дека децата денес живеат исклучиво на нивните мобилни телефони и компјутерите и не се дружат доволно надвор од училиштето. Од друга страна, во училиштето се дружат премногу, но за време на настава. Важно за нив е само тоа кој што објавил и кој колку лајкови добил. Јас би разбрала ако овие мобилни телефони и постојаниот пристап на интернет се користат за истражување, да читаат и слушаат за некоја музика која ги интересира, писателите или филмовите, но тоа, за жал, не е така – вели Амалија, додавајќи дека нејзините деца се сега во години, кога би требало да го истражуваат друштвото околу себе и да почнат да се градат како личности, но тоа ќе биде тешко, ако целиот свет се сведува на пораките од екранот, фотографирање и собирање лајкови, кои станале мерка за популарност во одделението.

Нов живот

  • – Уште од моментот кога тие добија паметни телефони страшно попуштија со успехот во училиштето. Имав чувство дека ниту една секунда не можам да се релаксирам. Поголемиот дел од времето го трошеја гледајќи во екраните наместо некаде да се најдат – објаснува.

Резултатите од постапките веќе се забележуваат. Освен што ги подобриле оценките, повеќе комуницираат во рамките на семејството и повеќе време остануваат далеку од дома во дружење со врсници.
Амалија на есен тргнува во училиште, во прво одделение го праќа и својот шестгодишен син Марко, но нагласува дека мобилен телефон нема да имаат сѐ до средно училиште.

Психолог: “Нема да знаат да ги развијат трајните односи”

  • “Секоја прекумерна употреба е лоша, ако детето троши премногу време на својот smartphone, а не се социјализира на некој друг начин, тоа е, секако штетно влијание врз него и врз неговиот развој”, објаснува д-р Татјана Ѓурковиќ, психолог од центарот Proventus. Истакнува дека паметните телефони и модерната технологија не мора да имаат штетен ефект врз развојот на децата, ако пристапот до таквите уреди строго им се ограничи на некое разумно време. “Ако децата немаат вистинска интеракција со други луѓе, како возрасни, нема да можат да развијат трајни и подобри односи со пријателите и партнерите”, објаснува тој.

Споделете со вашите пријатели!