Сега кога наполнив 50 години ја сфатив вистинската вредност на животот

38042

Поминав повеќе од половина од мојот живот обрнувајќи внимание на мислења на погрешни луѓе. Сега кога наполнив 50 години ја сфатив вистинската вредност на животот.

Сфатив дека сум премногу стара за овие осум работи кои ми пречеа цел мојживот:

Престара сум да молчам

Јас не сакам повеќе да молчам кога некој ќе рече нешто што не ми одговара. Не сакам да клатам со гласуватаили да се согласам со секој глупав и само-доволенчовек. Не сакам да молчам за неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам на глас да извикам, бидејќи животот е премногу краток за да молчам за неправда.

Престара сум за да се грижам како изгледам на другите луѓе

Со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не “мораат” секој дваесетиден да ја бојадисуваат косата за да ги покријат белите влакна. Мажите немораат секое утро да ставаат килограми пудра на лицето и не им е гајле што им се гледаат брчкитеод грижи и смеа.

Сега сум доволно стара за да знам дека сум најубава таквакаква Бог ме направи. Имам брчки, не им се знае бројот, бело ми е секое второ влакно, но дури сега сум задоволна со тоа каква сум.

Она прашање “што ќе кажат другите?” не ме допира еве веќе некое време и му благодарам на Бога за тоа, затоа што тие луѓе станаа толку небитни во мојот живот што за нивните префрлувања развив селективен слух.

Престара сум да имам ситни малечки гревови

Сега сум доволно стара да имам само – гревови! Сладолед еднаш неделно сега е преименуван во сладолед секој ден. Па така сега уживам во своите гревови кои не можам да ги класифицирам во мали бидејќи апетитот ми е зголемен.

Продолжува на страна 2