Ѕвезди како Гвинет Палтроу од пред време ја рекламираат водата со лимон како средство за слабеење и “фонтана на младоста”. Дали сепак тоа навистина функционира?
“Жешката вода со лимон сама по себе не доведува до намалување на тежината. Ако сепак го замените слаткото кафе, пијалак и природните сокови со неа ќе ослабете, бидејќи ќе го намалите количеството примени калории во денот “, вели Алиса Рамси, портпарол на Американската академија за храната и диетите.
Пиењето на топла / ладна вода со или без лимон помага на метаболизмот.
“Хидрирањето на организмот е важна компонента во секоја диета, бидејќи го засилува метаболизмот. За оние кои не сакаат да пијат само вода, додавањето на лимон е лесен трик да ја зачините течноста без да додавате калории кон неа “, додава Рамси.
Во одреден период водата со лимон може да го намали отокот во стомакот. Таа е и природен диуретик.
За да се ослободите од непријатните гасови и болки сепак, не потпирајте се само на оваа малку кисела течност, туку подобро јадете бавно, не консумирајте брза храна и газирани пијалаци и намалете ја употребата на сол и алкохол, советува Алиса.
Не пијте често вода со лимон ако страдате од киселински рефлукс, бидејќи цитрусовите плодови ќе ги изострат симптомите.



















