Колку секс е премногу?

810

Често се спомнува како сексот е здрав и неопходен дел од секоја врска, а се зборува и за негов недостиг, но дали постои нешто како премногу секс?

Просечен возрасен Американец има секс околу еднаш неделно, според едно истражување од 2020 година објавена во списанието JAMA Network Open.

Едно друго истражување сугерира дека околу четири проценти од нас имаат секс секој ден. Но, дали има некакви придобивки од повисокиот просек? Колку често треба да имаме секс?

„Одговорот е онолку често колку на луѓето им е убаво“, вели психијатарот Michelle DiBlasi за The Health.

“Безбедно е да се има секс секој ден, дури и повеќе пати на ден. Но, исто така е во ред да немате односи толку често“, додаде таа.

“Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат секс секој ден имаат исто ниво на среќа како оние кои имаат секс еднаш неделно или помалку,“ вели таа.

Што се случува кога имате многу секс?

“Најголемата придобивка од редовниот секс е намалувањето на нивото на кортизол во организмот,“ вели др. DiBlasi.

„Тоа е хормон кој се ослободува кога сте под стрес – така што сексот го намалува стресот во телото и ве прави посмирени и може да ви помогне да спиете подобро навечер.“

На краток рок, сексот ослободува ендорфин во мозокот. Тоа се хормоните на среќата кои се природни аналгетици на телото и во исто време го подобруваат расположението.

Друга придобивка од редовниот секс е зајакнувањето на врската помеѓу вас и вашиот партнер. Тоа е затоа што нашите тела произведуваат окситоцин за време на сексот, хормон кој ни помага да се поврземе со другите.

Истражувањето објавено во European Journal of Preventive Cardiology во 2022 година тврди дека сексот може да доведе до подолг животен век.

Студијата покажа дека луѓето кои имаат секс барем еднаш неделно имале 10 до 21 отсто помал ризик од смрт од срцеви заболувања, 44 до 49 отсто пад на смртноста од други болести и 69 отсто помала стапка на смртност од рак.

Дали имате секс премногу често?

“Секојдневниот секс за некои луѓе може да биде здрав, но за други проблематичен, објаснува др. DiBlasi.

На пример, ако не сакате да имате секс, но чувствувате притисок од вашиот партнер, нема да уживате во придобивките од тоа – што може да има негативно влијание врз вашето ментално здравје и врска.

Честиот секс го зголемуваат ризикот од некои физички проблеми, додава таа:

„Може да почувствувате зголемена болка или иритација на кожата, а тоа може да предизвика повисоки стапки на одредени инфекции како инфекции на уринарниот тракт“.

На крајот на краиштата, колку често треба да имате секс зависи од тоа што е најпријатно и задоволувачко за вас и вашиот партнер.