Мислите дека на вашето дете му правите добро, a само му отежнувате

1698

Периодот на приспособување на новото учебно темпо по летните одмори помина, сега е време да се посветите на начините на кои децата ќе ги подготвите за успешна учебна година

Експерт за бразование и автор Ann Dolin советува што треба да правите, а што не кога станува збор за училишните обврски и учењето.

Што треба да правите: Поставете цел за оваа учебна година

На детето поставете му една цел за оваа година. Тоа не мора да биде ништо големо или исцрпувачко . Би требало да биде нешто значајно, остварливо и јасно, за детето да знае дека успеалo (или не). На пример, ако детето е неорганизирано, можеби е најдобро да му се даде цел секоја вечер пред спиење само да ја подготви својата училишна торба за следниот ден.

Што не треба да правите: Да кажете – дај с
ѐодсебеилитрудисеповеќе

За ова се веројатно сите виновни. Веројатно им велите дека е најважен вложениот труд, но ако им кажете дека од нив барате да направат сѐнајдобро, всушностимотежнувате. Изјавитекакооваасемногунејасни. Когасакатевашетодетедагоподигненивотонауспехотво училиште, задавајте му помалку, конкретни цели кои може да ги постигне. Ако тој е успешен во серија на помали цели ќе се подигне неговата самодоверба.

Што треба да направите: Да го пофалите трудот секој пат кога ќе го забележите

Кога детето прави нешто како треба, дајте му го тоа до знаење! Важно е да се пофали нивниот напор и однесување, а не постигнувањата. Развивањето на добри навики за работа и преземање одговорност за своите задачи многу е важно. Исто така, кога сè ќе заврши, прашајте го детето како се чувствува, бидејќи неговата напорна работа се исплатеше. Нека размисли и почувствува гордост за сопствениот труд и постигнувањата.

Продолжува на страна 2