Научниците се поблиску до откривање на контрацептивни пилули за мажи

154

Експертите од Универзитетот „Минесота“ на годишниот состанок на Американското здружение на хемичари објавија значаен медицински напредок.

Имајќи предвид дека женските контрацептивни пилули постојат веќе 50 години, научниците и понатаму се занимаваат со прашањето како „да се направи пауза“ во плодноста кај мажите без никакви здравствени последици.

Научниците веруват дека се чекор поблиску до откривањето на безбедни контрацептивни пилули за мажи.

Научниците наведуваат дека направиле мали промени во претходната верзија на машката пилула за да биде поефикасна во подолг временски период и полесна за конзумирање.

Шефот на истражувачкиот тим Гунда Герог изјави дека „лекот мора да биде растворлив, за да може да се козумира орално. Ќе почне да делува многу брзо и нема да го намали либидото. Би било безбедно да се зема дури и со децении, објасни Герог.

Заради тоа што некои корисници на крајот би сакале да имаат деца, влијанието на пилулите за плодност би било реверзибилно, без никакво задржување на болните влијанија врз спермата или ембрионот.

Господин Бимек, столар кој живее во Берлин, моментно е единствен корисник на лекот, кој и понатаму е во фаза на испитување, а за оваа година е планирано уште 25 мажи да се вклучат во истражувањето.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување