Еден човек за да е културен, не е доволно да чита популарни романи и да оди во театар. Тој постојано мора, деноноќно да работи на себе, да чита, да учи, да се труди …
Прочитано 65 034 до ноември 2018 година
“Животот има свои услови. Еден човек за да биде прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен“, порачува во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов на својот помлад брат, составувајќи список од услови кои треба да ги исполнуваат културните луѓе:
- Тие ја почитуваат човековата личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и спремни да им помагнат на другите.
- Сочувствителни се кон сите, а не само кон просјаците и мачките. Се грижат и за она невидливото и подготвени се да се жртвуваат како би им помогнале на другите.
- Ја почитуваат туѓата сопственост, и затоа ги враќаат своите долгови.
- Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат дури и кога ситниците се во прашање. Лагата го навредува слушателот и го намалува во очите на говорникот. Не позираат, се однесуваат исто и на улица и дома, не се прават важни пред своите поскромни пријатели. Не се склони на дрдорење, ниту ги оптоваруваат другите со своите со ништо предизвикани исповеди. Од почит кон туѓите уши, повеќе молчат, отколку што зборуваат.
- Не ја намалуваат својата вредност како би предизвикале сожалување. Не играат на картата на туѓата чувствителност за да освојат внимание. Не зборуваат „Мене никој не ме разбира“ или „На никој не му е гајле за мене“, затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.
- Не патат од плитка суета. Не им е гајле за лажните вредности, познанствата со познати личности или за тоа и самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, од тоа не прават дека е најважната ствар на светот, и не се фалат со тоа дека имаат пристап таму каде што другите немаат. Талентираните луѓе секогаш бегаат светлата и рекламите.
- Ако имаат дарба, ја почитуваат. За неа, жртвуваат одмор, романтика, провод, суета. Горди се на својата дарба, но и сосем ѝ се посветени.
- Имаат развиено чувство за убаво и естетско. Не одат на спиење во секојдневната облека, и го одржуваат чистиот животен простор. Многу водат сметка да ги контролираат своите нагони и во спротивниот пол не гледаат само сексуален објект. Тежнеат кон оригиналноста, отменоста, човечноста, им се восхитуваат на мајчинските чувства. Не се опиваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики, затоа што сметаат дека не се свињи. Држат до мислата “mens sana in corpore sano“ – “во здраво тело, здрав дух“.
Еве вака изгледаат културните луѓе. Човек за да биде културен, не е доволно само да чита популарни романи и да оди во театар. Тој постојано мора, деноноќно да работи на себе, да чита, да учи, да се труди …… и веднаш да ја отфрли суетата, затоа што секој изгубен час се пресметува, го завршува Чехов своето писмо.
Кратка бисерна приказна за животот…
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.