Тежок пораз за Вардар: “Кил ни покажа каде сме најслаби”

75

Давид Писонеро го претрпе вториот пораз на кормилото на Вардар по оној на Супер Глоуб, денеска во 4 коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Впечатокот по убедливиот пораз од 11 разлика е очекуван исто како и реакцијата на вардаровиот тренер.

„Честитки до Кил. Тежок пораз за Вардар, проблеми во првото полувреме со многу загубени и промашени топки. Никогаш не сум видел полувреме со четири постигнати гола. Се обидовме во второто полувреме, притискавме и ја разбивме одбраната на Кил. Мора да продолжиме понатаму, ова е само еден пораз. Горд сум на на навивачите и на сите кои дојдоа да не поддржат.“ – изјави Писонеро.

По денешиот меч во Скопје, Вардар го загуби лидерското место во групата Б.

Заменик капитенот на РК Вардар, Тимур Дибиров по денешниот убедлив пораз од Кил (31:20) му се заблагодари на противникот за покажаната игра.

„Им честитам на Кил. Ни тие не очекуваа да биде таков резултатот. Натпреварот беше коректен. Пред натпреварот сакав да кажам да видиме каде сме, видовме каде сме, им благодарам што ни покажаа. Сите вие гледавте што се случи, се обидовме во второто полувреме нешто да направиме, да се вратиме, но не успеавме. Честитки до Кил, со среќа понатаму.“ – истакна Дибиров на прес-конференцијата по натпреварот во „Јане Сандански“.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Вардар ќе му гостува на Веспрем.

dribling.mk