Вонземјаните можеби ни испраќаат пораки преку квантна комуникација

1047

ИАКО сè уште не сме нашле докази за вонземски живот, тоа не значи дека тој не постои.

Можеби едноставно не можеме или не знаеме како да слушнеме. Имено, тим од научници создале математички модел кој покажува дека „малите зелени“ можеле да комуницираат и да испраќаат пораки низ универзумот преку квантната физика.

Сè уште работиме на реализација на оваа посебна категорија на размена на информации – квантна комуникација. Имено, се претпоставува дека квантната механика би можела да овозможи најбрз пренос на информации досега, само треба да го спроведеме во пракса.

Една од главните пречки е тоа што квантните мрежи се многу кревки и подложни на пречки. Но, според новото истражување, тие би можеле да патуваат низ вселената без да го урнат системот, пишува Science Alert.

Специјални квантни честички

„Квантните состојби се генерално многу деликатни и, доколку има некоја надворешна интеракција, системот се распаѓа“, вели физичарот Arjun Berera од Универзитетот во Edinburgh во Велика Британија.

Берера и неговиот колега теоретски физичар Jaime Calderón-Figueroa извршиле пресметки на движењето на Х-зраците низ празниот простор за да проверат дали има потенцијална декохеренција или распаѓање на квантната состојба.

Ако фотоните, честичките на светлината, се користат како квантни честички, научниците веруваат, дека тие би можеле да бидат испратени на растојание од стотици илјади светлосни години, што е повеќе од големината на нашата галаксија.

Ова е делумно затоа што просечната густина на материјата во вселената е многу помала отколку на Земјата, а оваа „почиста“ средина значи помала шанса за пречки. Ниту силата на гравитацијата не може да ја наруши квантната комуникациска мрежа.

„Квантната комуникација веројатно може да се воспостави на меѓуѕвездени растојанија“

„Постои можност на меѓуѕвездени растојанија да се воспостави квантна комуникација со помош на фотони, особено фотони во регионот на Х-зраците“, наведуваат научниците.

Се разбира, идејата дека вонземските форми на живот користат квантни мрежи за да разговараат едни со други или да се обидат да контактираат со нас е целосно хипотетичка, но во исто време, таа им дава на астрономите уште еден потенцијален фактор за следење на животот во универзумот.

„Вонземска цивилизација веројатно би била заинтересирана за значителен пренос на информации што може да се постигне со квантен сигнал, со фактот дека за декодирање би бил потребен целосно функционален квантен компјутер“, велат експертите.

Но, дури и квантната комуникација не е семоќна, а информациите сè уште не можат да патуваат побрзо од брзината на светлината, па може да бидат потребни неколку години за пораката да стигне до својата дестинација.

Истражувањето под наслов Viability of quantum communication across interstellar distances е објавено во списанието Physical Review D.