
Станува збор за материјал кој може да пренесува електрична енергија без отпор и да пропушта магнетни полиња околу материјалот, а научниците трагаат по таков материјал повеќе од еден век.
Американските научници откриле револуционерен нов материјал кој може да го промени целиот свет. Тие тврдат дека создале суперспроводлив материјал кој работи и на доволно ниска температура и на доволно низок притисок за да се користи во практични ситуации.
Станува збор за материјал кој може да пренесува електрична енергија без отпор и да помине магнетни полиња околу материјалот, а научниците трагаат по таков материјал повеќе од еден век.
Можноста за практична примена е огромна
Откривањето на материјалот може да доведе до електрични мрежи кои можат беспрекорно да пренесуваат енергија, заштедувајќи до 200 милиони мегават-часови, кои во моментов се губат во мрежата поради отпор. Овој материјал може да придонесе и за нуклеарна фузија, која пак има потенцијал да создаде неограничена енергија.
Други можни примени на овој материјал, според предлозите на американските научници, вклучуваат многу брзи лебдечки возови и нови видови медицинска опрема.

Процесот на откривање
Откривањето на материјалот всушност е поттикнато од претходната работа на професорот Ranga Dias од Универзитетот во Rochester во САД, која е објавена во научните списанија Nature и Physical Review Letters во 2020 година и чија публикација последователно е повлечена од Nature поради прашањета за пристапот на научниците. Во новиот труд, Dias презел дополнителни чекори за да спречи слично нешто во случај да се повтори.
Dias и неговиот тим се обиделе да го потврдат тоа постаро истражување со нови податоци собрани надвор од лабораторијата и со помош на друг тим научници, кои во живо го набљудувале целиот процес.
Новиот материјал е опишан во студија објавена во научното списание Nature.
Материјалот го доби прекарот reddmatter (црвена материја), поради својата боја, но и како научничко поздравување на материјалот од популарната филмска серија Star Trek. Својот прекар го добил за време на процесот на создавање, кога научниците откриле дека материјалот добил изненадувачки светло црвена боја.
Материјалот е создаден со користење на редок метал lutetium измешан со водород и мала количина на азот. На оваа смеса и било дозволено да реагира два или три дена на високи температури, а резултатот е материјал со богата сина боја. Изложен под многу висок притисок, материјалот ја смени бојата од сина во розова кога материјалот го достигна нивото на суперспроводливост. На крајот на краиштата, материјалот во неговата непроводлива состојба има богата црвена боја, па така и го добил прекарот.
„Верувам дека сме во ново доба“
За да се постигне неговата суперспроводливост, материјалот сепак треба да се загрее до 20,5 степени Целзиусови и да се компресира под притисок од 10.000 бари. Тоа е многу помалку интензивна комбинација на температура и притисок отколку со други слични материјали, вклучувајќи ги и оние од претходно споменатото истражување на Dias.
Авторите на студијата тврдат дека условите се доволно практични што всушност ќе означат нова ера во практичната употреба на суперспроводливи материјали.
Патот до суперспроводлива потрошувачка електроника, линии за пренос на електрична енергија, транспорт и значителни подобрувања во магнетното ограничување за фузија сега се реалност. Веруваме дека сега сме во модерна ера на суперспроводливост, се вели во изјавата на професорот Dias.


















