Научниците тврдат дека пристапот до нетолеранција кон насилство низ целото општество може да ги зголеми стапките на пријавување насилство од партнерот и да ја зајакне пораката дека насилството никогаш не е исправно.
Властите ширум светот сакаат да го спречат семејното насилство, но еден аспект на превенција од насилство досега бил во голема мера игнориран. Сѐ повеќе истражувања ја потврдуваат врската помеѓу удирање дете по задник од страна на родителите и веројатноста истите тие деца да бидат повеќе склони кон партнерско насилство во зрелоста, пишува IFLScience.
Иако постои врска помеѓу злоупотреба во детството и последователно насилство врз партнерот, тепање деца во минатото се сметало за релативно безопасно.
Сепак, новото истражување покажало дека тепањето деца по задникот има сличен ефект врз мозокот на детето како злоупотреба, бидејќи стресот и стравот можат да предизвикаат промени во некои невротрансмисии. Подоцна, може да доведе до злоупотреба на алкохол, депресија, асоцијално и агресивно однесување, што би можело да претходи на насилство врз партнерот.
Теорија за социјално учење
Научниците го вклучиле физичкото казнување во серијата неповолни искуства од детството што предизвикуваат токсичен стрес во зрелоста. Теоријата за социјално учење, исто така, често се применува за да се објасни последователната агресија кај децата што се тепаат удираат по газ.
Додека учиме како да се однесуваме во согласност со она што го гледаме и доживуваме, удирањето на детето ни кажува дека насилството е прифатлив и нормален начин за прикажување фрустрација и справување со нечие „несоодветно однесување“.
Ова е поткрепено со анкета спроведена во 32 земји, која покажа дека луѓето претепани од нивните родители почесто одобруваат брачно насилство. Така, нормализирањето на насилството врз детето ги зголемува шансите за негово учество во насилството кај партнерот кај возрасните, и како жртва и како сторител.
И тука има родови разлики. Некои истражувања покажуваат дека девојчињата што ги тепаат родителите по задник, најверојатно подоцна ќе станат жртви на насилство од партнерот. Момчињата што се тепани е поверојатно да станат сторители.
Според УНИЦЕФ, насилството врз девојчињата започнува со физичко казнување во адолесценцијата. Во семејствата каде што се случува партнерско насилство, најверојатно ќе ги тепаат своите деца.
Нулта толеранција за насилство
Научниците тврдат дека решителната нетолеранција кон насилство низ целото општество може да ги зголеми стапките на пријавување насилство од партнерот и да ја зајакне пораката дека насилството никогаш не е во ред, без разлика која е жртвата.
Шведска беше првата земја што забрани физичко казнување во сите околности во 1979 година. Сега се изучува првата генерација деца израснати според законот, а некои истражувања покажуваат дека има помало насилство кај адолесцентите во земјите каде што физичкото казнување е забрането.
Сепак, родителите генерално се противат на властите да им наредат како да ги воспитуваат своите деца. Многумина од нив биле тепани од родителите како деца и се убедени дека тоа не оставило последици врз нив.



















