Здраво. Јас сум Тања имам 27 години и веќе 21 година живеам со дијабетес тип 1.

3015

Дијабетесот претставува хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин.

Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Хипергликемијата или покаченото ниво на шеќер во крвта е честа компликација од неконтрoлираниот дијабетес, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи, особено на нервниот систем и крвните садови, а во најлош случај, предизвкува смрт.

Со други зборови, доколку редовно го контролирам нивото на шеќер во крвта, ќе живеам нормален и среќен живот како и сите други.

Бидејќи дијабетесот е хронично заболување, прашања и загрижености во врска со вирусот #COVID-19 се навистина разбирливи. За жал, кај мене, но и кај другите луѓе со дијабетес, особено оние над 65-годишна возраст и оние со лоша контрола на гликемијата, шансите за справување со грипот се помали од вашите. Затоа, ве молам пред да излезете, размислете два пати.

Издржете 2- 3 недели, поминете повеќе време дома со најблиските, читајте книги, гледајте серии, слушајте музика, научете нешто ново, направете нешто што оддамна посакувате да го направите…

Доколку не сакате да се изолирате заради вас, напревете го тоа заради вашите најблиски и сите оние кои се околу вас. Покажете општествена одговорност и емпатија кон другите.

Посетете го блогот на Тања и споделете ги вашите искуства за дијабетесот diabetesismylife.com

Без оглед на тешките моменти со кои сум се соочувала, животот е ЕДЕН и јас САКАМ ДА ГО ЖИВЕАМ!