Meya Lazarevska | Во вашите кошници видов намирници полни адитиви. Се надевам не го конзумирате тоа!

4189

Не бев отидена во маркет повеќе од недела дена. Денес бев во набавка и бидејќи гледав што се купува, чувствувам дека има потреба да напишам нешто во врска со храната што ја купувате и конзумирате.

Чувствувам дека сте ја утнале некаде работата со резервиве. Подготвувате резерви како за војна или елемнтарна непогода. Разликата од карантин своеволен, до војна или елементарна непогода е што во случај на второво има шанса да нема струја, водата да е загадена, да неможе да се готви. Пандемијата, односно нападов од вирус кој нѝ се случува бара да имаме имунитет, односно да конзумираме храна која ќе не одбрани од него, а не која ќе не направи дополнително ранливи.

Во вашите кошници видов десетици паштети, конзерви и полуготови намирници полни адитиви, салами и тестенини. Се надевам не го конзумирате тоа!

Место целиот отпад од храна купете тегла мед, тој ги штити белите дробови. Наместо паштети наполнете ја кошницата со млад кромид, лук, зелка, спанаќ, природни извори на витамини и антиоксиданси, витамин Ц. Наместо во макарони инвестирајте во семки од тиква, лен, сусам, сончоглед, купете килограми и јадете секогаш кога сте гладни. Семињата се природен извор на влакна, масни киселини, селен, цинк, едно чудо минерали кои ќе го зајакнат вашиот систем.

Ви ја разбирам потребата да се чувствувате безбедни, и јас ја имам, и разбирам дека сакате дома да имате храна за фамилијата, сакам и јас, но да бидеме умни, бидејќи не само што купуваме лоша храна, си ги трошиме и личните финансии погршно подготвувајќи се за периодот што следи.

Јас би сакала да ви објаснам како да подготвите резерви на здрави намирници кои може да ги распределите и да ви останат со месеци во фрижидер.

Мешунките, оризот, пченицата и житарките ќе ви ја дадат потребната енергија, и секогаш ќе може да подготвите здрава супа и чорба во отсуство на месо и други намирници.

Маслото ви треба, но не во толку големи количини. Треба да конзумираме 2-3 лажици дневно, со 3 l треба да живееме 2 месеци, цела фамилија. Инвестирајте во 1 l маслиново, здраво е, и ќе го штити вашиот организам па на крајот на готвењето, додадете по 2 лажици.

Купете 2-3 kg спанаќ, убаво измијте го исушете го со крпи, направете неколку кесиња и замрзнете ги. Со ориз, вода, морков, во мафини, може да направите неколку разновидни здрави оброци за целото семејство.

Земете калапи за мраз и во нив исецкајте свежи тревки, замрзнете ги со малку масло или вода. Магдонос, целер, лук, власец, нане…коцките мраз ставете ги во хартија за печење. Извадете по 2 коцки и ставете ги во било кое јадење кое ќе го подготвите, во салата, над печен компир, во супа…

Купете неколку килограми компир, јаболка и портокали, тие стојат со недели на соодветно место. Со 3 компири дневно може да подготвите чудесни комбинации во комбинација на здравите подготовки кои ви ги посочив.

Во едно тенџере пропржете морков, пашканат, целер, пиперка, лук ставете малку сол, откако ќе се излади замрзнете по неколку лажици во мали кесички. Доколку немате замрзнувач, ставете тегли во рерна со се капаци. Рерната треба да биде ладна и постепено загрејте ги теглите. Топлата количина на испржената мешавина ставете ја во топлите тегли и убаво затворете. Исто како зимница. Така подготвените тегли и на тераса може да ви стојат со месеци. За секој оброк ставете по една кесичка или тегличка со малку компир, морков, гравче или друго и подгответе традиционални јадења кои ги имаме тука.

Лимон, или друго овошје можете да замрзнете во калапи за мафини, направете коцки мешано овошје, па секое утро место макарони направете свеж сок или смути со неколку свежи јаболка или портокали кои на тераса може да ви стојат свежи и по неколку недели.

Зелка, цвекло и морков изрендајте ги и наполнете тегли кои убаво ќе ги затворите и ставете ги во фрижидер. Стојат свежи, незачинети до 7 дена. На секој оброк извадете една тегла и направете свежа салата.

Се ова погоре, со малку компир, грав или ориз може да направиме десетици оброци додека седиме дома.

Направете залихи од чаеви, липа, камилица, слез, нане. Правете топли напитоци за да подигнете циркулација.

Имајте бибер, биберот ја зголемува циркулацијата, а добра циркулација е многу важна за вашиот имунитет.

И секако раздвижете се, има перфектни клипови на youtube кои ќе ви помогнат да не се улежите.

Чувајте ги макароните, паштетите и целата нездрава храна, вклучувајќи го и брашното за време кога ќе нема струја, дотогаш сојзнички јакнете го сопствениот имунитет, потрошете ги парите на здрави намирници со кои се полни пазарите, и бидете поотпорни на можната зараза.

Не го уништувајте вашиот имунитет! Тој сега најмногу ви е потребен!

Да, советите за хигиена, дистанца, карантин остануваат!

Шернете го овој пост, имам чувство дека е потребна и ваква едукација!

Ne bev otidena vo market povekje od nedela dena. Denes bev vo nabavka i bidejki gledav sto se kupuva, cuvstvuvam deka…

Gepostet von Meya Lazarevska am Sonntag, 15. März 2020