Новата сорта на руска пченица ќе ја замени нафтата

1891

Руските агрономи создале со селекција и вкрстување уникатна сорта на пченица отпорна на студ, прекумерна влага и бројни болести.

Исто така, оваа сорта има многу повеќе протеини од другите видови пченица, и што е најважно, не треба да се третира со пестициди на Монсанто кои предизвикуваат рак.

Онаму каде што само пред сто години можела да преживее само зимската ‘рж, сега може да се одгледува пченица со одличен квалитет, вели рускиот агроном и академик Баграт Сандухадзе.

Неговите колеги, агрономи кои се занимаваат со селекција на зрна и хибридни сорти од московскиот нучно-истражувачкиот институт „Немчиновка“, во текот на изминатите години со вкрстување на различни сорти семиња го добиле ова пченично семе, кое практично е неуништливо,.

„Имаме тешки климатски услови од Калининград до Приморски крај на истокот на земјата. Сакавме да создадеме генотип кој може да се одгледува во овие тешки услови“, вели Сандухадзе.

Благодарение на постојаната работа на руските научници, резултатите ги надминаа очекувањата. Од основањето на оваа институција за научно истражување, создадени се повеќе од 130 сорти.

„Благодарение на селекцијата на зрна (избравме зрна со подобри карактеристики), добиваме сорти кои се отпорни на различни природни услови како што се студот, премногу влага или недостаток на влажност. Овој метод е можеби најефикасен, и исто така, најевтин. Само прекомбинацијата на гените доведува до производство на издржливи“, подвлекува академик Сандухадзе.

Сега во Русија најплодна е централната област на земјата, веднаш по традиционално плодните јужни региони околу градот Краснодар. Неодамна, Русија значително го зголемила производството и извозот на житарки, а го задржала квалитетот.

„Во целиот свет, како што растат приносите, квалитетот се намалува. Како по правило, колку повеќе произведувате, толку е понизок квалитетот. Франција, Велика Британија, Германија произведуваат житни култури со 8-9%, додека стандардот е со дури 14%. Покрај тоа, нивните житни култури не можат да ја поминат зимата. Руските сорти имаат до 18 проценти протеини“, гордо вели Сандухадзе.

Рускиот академик објаснува дека руските сорти имаат зголемен процент на протеини благодарение на, меѓу другото, квалитетната почва богата со азот. Соговорникот вели дека со едноставен речник би можело да се каже дека на овие видови житни култури не им треба ништо дополнително, самирте црпат од плодната и квалитетна почва. Затоа, овие житни култури се значително поздрави бидејќи, не се залевани и третирани со различни хемикалии.

„За 20-30 години, светот ќе ја моли Русија за житарици, нафтата повеќе нема да биде неопходна потреба. Најевтино и најквалитетно жито ќе произведуваме. Практично, не мора да користиме пестициди затоа што сем создале сорти кои скоро никогаш не заболуваат“, резимира научникот.

Европските видови воопшто не успеваат во Русија. Затоа домашните институти постојано работат на подобрување на квалитетот на локалните сорти. Засега руски сорти добиени во Институтот „Немчиновка“, успешно се одгледуваат и во Турција.

(Sputniknews.com)