Најдобра одбрана од вируси е вашиот ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ – Еве како да го зајакнете! Видео

1228

Имунолошкиот систем е природна одбрана на нашето тело кој нè штити од бактерии, вируси, паразити, габи и кое било друго тело кое може да го оштети нашето здравје.

Имунолошкиот систем нè штити со тоа што прво создава бариера која ги спречува страните тела или антигени да влезат во нашето тело, а ако во тоа не успее, предизвикува производство на бели крвни клетки или леукоцити, кои ги напаѓаат и уништуваат страните тела.

Нашиот имунолошки систем е способен да препознае милиони различни антигени и може да произведе супстанции да ги уништи речиси сите!

Но, одредени фактори можат да го ослабнат нашиот имунолошки систем и да нè направат поподложни на инфекции.

ЕВЕ КАКО ДА СЕ ЗАЗАЈАКНЕ ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ

Прво и најважно, обидете се да спиете осум до 10 часа, бидејќи со спиењето телото се обновува и го зајакнува вашиот организам. Квалитетен сон ви помага да закрепнете брзо од болести, но, исто така и нè штити од разболување!

Внимавајте на вашата исхрана. Храната со високо ниво на антиоксиданти е одлична за вашиот имунолошки систем. Антиоксидансите се исклучително важни за нашето тело и одржување на неговото оптимално ниво е многу важно за зајакнување на имунитетот.

Тоа се материи или хранливи материи (нутриенти) кои се наоѓаат во храната, а кои можат да спречат или да го забават оксидативното оштетување на организмот. Антиоксидансите во нашето тело делуваат како чистачи на слободните радикали, спречувајќи ја или санирајќи ја веќе направената штета со блокирање на патот на слободните радикали. Тие се дел од витамините, минералите и другите хранливи материи, а ги има во различни прехранбени намирници.

Антиоксидансите вклучуваат витамини А, Ц и Е, коензим Q10, селен и цинк, каротеноиди, (beta-karoten, likopen, lutein, astaksantin), polifenoli, ginko biloba, silymarin, glutation, L-cistein, L-karnitin, melatonin, pycnogenol и allium sativum.

Продолжува на страна 2