Во прашање е научно докажан факт …
Кога жената води главен збор во бракот или врската, сè функционира подобро – велат научниците. Кога традиционалните улоги во бракот ќе се свртат така жените да доминираат, мажот станува порелаксиран, растеретен и посреќен.
Не станува збор само за ослободување од одговорноста на мажот, туку за потребата, жената да го преземе водството. Истражувањето покажало дека борбата за моќ меѓу партнерите е честа појава.
Ако жената е во подредена положба, тоа има катастрофален ефект врз нејзината психа. Тоа остава големи последици за партнерскиот однос. Можно е жените да имаат потреба да господарат во бракот поради вековни задушувања на женските слободи и основните права.
Нееднаквоста меѓу половите никако не ги допира мажите, бидејќи тие се оние кои отсекогаш биле привилегирани. Како резултат на тоа, мажите ја гледаат својата слобода и човековите права како нешто природно и не им даваат никакво значење.
Само оние кои живеат лишени од основните човекови права ја знаат и ја чувствуваат неправдата, која оние привилегираните не ја забележуваат.
Жените кои се чувствуваат подредени во општеството потсвесно ќе се обидат да станат господари барем на личен план, во својот дом, ако не можат на ниту едно друго место.
Кога и тој обид на воспоставување еднаквост меѓу половите нема да успее, кога нејзиниот обид со играње главна улога во бракот направи баланс со нејзината социјална нееднаквост пропадне, незадоволството и тагата на жената се појавува во форма на подјадување, ломотење, поставување прашања, љубомора и други слични постапки, го уништуваат и партнерскиот однос, интимноста меѓу партнерите се губи, стабилноста на бракот е разнишана и ризикот од злоупотреба се зголемува, велат научниците.
Меѓутоа, кога во врската мажот е подреден на жената, тој својата подреденост не ја доживува како нешто трагично, ниту нужно лошо, со оглед на тоа што машката самодоверба е на завидно ниво во однос на онаа кај жената, од проста причина што никогаш не било потиснато.
Едноставно кажано – додека мажот помалку “удира со тупаница на маса”, а повеќе вели: “Да, драга”, жената е позадоволна, посреќна, повеќе исполнета. Дури и кога ќе погледнеме зад нас, се потсетуваме на убавите бракови на некои баби и дедовци, ќе сфатиме дека мажот тука бил само формално главата на семејството, а конците на брачниот живот обично ги влечела жената, таа била вистински господар на куќата, нејзиното семејство било нејзино царство.
Мажот го имал на располагање целиот свет во него да издејствува победа, додека на жената семејството ѝ било единственото место каде што можела да постигне барем дел од своите потенцијали.