Како да го поттикнете детето да проговори

194

Како и секој родител веројатно едвај чекате да ги чуете првите зборови на своето дете.

Следуваат неколку совети како да го поттикнете детето да проговори:

Немојте да му зборувате бебешки

Можете да престанете да зборувате бебешки со детето, кога ќе сфатите дека почнало да ве разбира. Детето обрнува внимание на вашите зборови и добива асоцијации, чие значење го разбира.

Зборувајте едноставно

Кога зборувате со детето користете јасни, едноставно зборови и куси реченици, за да не го збуните. Колку помалку зборови ќе изговорите, толку детето подобро ќе ги разбере. Зборувајте бавно и јасно изговарајте ги реченици, за детето да научи што е можно повеќе зборови. До возраст од две години детето може да научи над 50 зборови.

Станете раскажувач

Раскажувајте му на детето за работите, кои се случуваат околу него. Доколку детето невербално комуницира помогнете му со зборови. На пример ако детето пружа рака кон вас кажете му: „Бебето сака мама да го крене во раце. Мама го крева бебето“.

Слушајте внимателно и одговарајте

Во почетокот тешко ќе разберете што зборува детето. Можеби нема да бидете сигурни ниту во тоа дали детето зборува или само дрдори, но доколку внимателно го слушате и воедно го следите што покажува со движењата, ќе почнете да го разбирате. Зголемете го нивото на самодоверба, покажувајќи му на детето дека знаете што зборува.

Бидете трпеливи

Децата со различна брзина учат да зборуваат. Некои прозборуваат на една година, некои на две, други подоцна. Затоа доколку ви се чини дека детето заостанува, немојте да се грижите, бидејќи веројатно сето тоа е во ред. Секое доцнење треба да му го кажете на педијатарот, со цел тој да провери дали можеби има некакви проблеми, на пример проблем со слухот.