Ако сметате дека сте несреќни во љубовта, веројатно за тоа делумно самите сте виновни.
Астролозите тврдат дека некои хороскопски знаци упорно бираат погрешни партнери и ги игнорираат предупредувањата кои укажуваат на потенцијална опасност.
Еве за кои знаци станува збор:
Овен
Тие се многу пребирливи, но и доста површни па изгледот им е еден од главните критериуми при бирањето партнер. Токму затоа често налетуваат на некој кој од внатре не е ни приближно убав колку однадвор.
Близнаци
Друштвените Близнаци обожуваат да бидат опкружени со луѓе, а во секојдневното друштво секогаш се во центарот на вниманието. За да се вљубат во некого доволно е да видат дека тој ги слуша и поддржува во тоа што ќе го кажат, но често подоцна сфаќаат дека тој не е на нивно ниво, туку дека само се додворувал.
Рак
Раковите често се приврзуваат за луѓе кои им значат, а тоа многумина знаат да го искористат. Така често завршуваат во врска со личност која на сите начини манипулира со нив, а кога ќе го сфатат тоа, остануваат сами и несреќни.
Продолжува на страна 2



















