Компаниите се уште ја утврдуваат точната временска рамка во која производите ќе почнат да се консумираат.
Две американски компании, Upside Foods и Good Meat, објавиле дека добиле конечно одобрение од US Department of Agriculture (USDA) за продажба на месо одгледано во лабораторија.
Со ова одобрение, САД ќе станат втората земја во светот по Singapore што ќе дозволи продажба на таканареченото култивирано месо, кое се добива од клеточни примероци на говеда што се хранат и одгледуваат во челични буриња.
Овие компании се првите што го завршиле процесот на повеќе чекори во САД за одобрување на култивирано месо. US Food and Drug Administration (FDA) веќе утврдила дека месото е безбедно за консумирање.
Ова е остварување на сонот. Ова го означува почетокот на нова ера, изјави извршната директорка на Upside Foods, Uma Valeti.
Компаниите, кои двете произведуваат одгледувано пилешко, планираат да ги служат своите производи прво во луксузни ресторани пред да го зголемат производството за да постигнат пониска цена за тргиување со мешовита роба.
Пилешкото на Upside најпрво ќе се служи во Bar Crenn, ресторанот на готвачот Dominique Crenn во San Francisco, објави компанијата. Good Meat објави дека ќе ја продаде својата прва серија пилешко на Jose Andreas group, во сопственост на истоимениот готвач.
Компаниите се уште ја утврдуваат точната временска рамка во која производите ќе почнат да се консумираат.
Во Upside се надеваат дека наскоро ќе биде објавена локацијата на новиот производствен погон во САД, кој ќе биде 10 до 20 пати поголем од постоечкиот во Emeryville, California.
Компаниите за одгледување месо се надеваат дека нивните производи ќе станат атрактивна алтернатива за љубителите на месо кои бараат поеколошки и похумана опција за нивните непца, кои можеби не се задоволни со вегетаријанските производи кои се веќе достапни на пазарот.
Сточарското производство генерира 14,5 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови, според Food and Agriculture Organization (FAO) на UN.
USDA издаде одобрение за етикетите на двете компании на почетокот на јуни. FDA им дал одобрение на Upside во ноември 2022 година, а на Good Meat во март 2023 година.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















