Диетолозите разбиле 4 мита за диетите и здравата исхрана

187

Многу популарни митови за здрав начин на живот, кои ни го наметнуваат активно во последно време, всушност не носат никаква корист на човекот.

Тоа го изјавија научници од САД и повикаа внимателно да се однесуваме кон модерните диети.

“Прифаќањето на најздравите митови може да ви го опустоши паричникот и да го поткопа здравјето”, убедени се експертите.

Претставниците на Американската диететска асоцијација (АДА) разоткриеле неколку здравствени митови кои веќе се масовен феномен. На прво место тоа се плочките на стомакот, кои се земаат како некаков репер за убаво и здраво тело.

Според зборовите на експертите, формирањето на плочки на стомакот е процес кој бара подолг период на умерени физички оптоварувања и избалансирана исхрана. Во спротивно се јавува ризик од хормонален колапс, аменореја (отсуство на менструација) и гастритис. Но, дури и по многу вредни вежбања не сите може да имаат плочки на стомакот.

Чипсот и пицата помагаат во диетата?

“Поради генетските особености тие нема да се гледаат кај секоја жена, дури таа да ослаби многу. Без оглед на бројот на тренинзите и оптоварувањето, мастите од оваа област нема да исчезнат, таква е човечката физиологија “истакнуваат лекарите од САД.

Друт мит – производите без ГМО – специјалисти исто така ги оценуваат доста скептично.

Кетрин Талмаџ, соработник на АДА објаснува дека дури на етикетите на производите да е наведено “не содржи ГМО”, тоа не значи дека тие се корисни. Лукавите производители на т.н. “Храна за ѓубре” долго време ги користат таквите ознаки во сопствен интерес, објаснува експертката.