Гледањето телевизија штети на мозокот

96

Гледањето телевизија штети на мозокот, тврди ново американско истражување, цитирано од “Њујорк тајмс”.

Научниците истражувале на 3274 испитаници, чија просечна возраст при започнувањето на студијата била 25 години. Потоа тие се анкетирани на секои 5 години, додека не поминат уште 25.

Прашањата се однесувале на нивната физичка активност и навиките да гледаат телевизија. На 25-тата година се спроведени 3 теста кои мерат различни аспекти на острината на умот. Групата од луѓе кои гледаат телевизија најмногу, повеќе од 3 часа на ден, се претставила слабо и на трите теста.

Во споредба со оние кои гледале најмалку, резултатите на телеманиаците биле од 1,5 до 2 пати полоши, независно од возраста, полот, расата, ниво на образование и мастите во телото, пороците или присуството на дијабетес.

Авторите на психијатриското испитување појаснуваат дека откритијата им се на основа на себеоценка и нема усвоена основна норматива за мозочна активност, кој ќе послужи за споредба.

“Не можеме да одвоиме што точно се случува при гледањето на телевизија”, рече шефот на научниците д-р Кристин Jaфе од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско. “Дали е дo недостатокот на физичка активност или има нешто во гледањето на телевизија, кое се спротивставува на мозочната стимулација?”