Археолозите откриле совршено сочувани римски мечеви стари 1900 години кои ги изненадиле со својата способност | Видео

1144

Не секој ден археолозите наидуваат на совршено сочувани примероци на историско оружје, особено не на стари речиси два милениуми.

Но, токму тоа се случи во Израел, во близина на Мртвото Море.

Израелските научници дошле до неверојатно откритие во пештера во близина на Мртвото Море – четири совршено сочувани римски мечеви, за кои се верува дека биле користени во битките пред 1.900 години.

Тие римски мечеви најверојатно биле „плен“ скриен од бунтовниците од спротивставената фракција која би била во опасност да биде фатена како носи римско оружје, рече Eitan Klein, еден од директорите на Проектот за истражување на јудејската пустина кој работел на ископувањето кое довело до ова откритие.

  • Зборуваме за исклучително ретко откритие, чие слично не било пронајдено досега во Израел, рече Klein, научник од Judean Desert Survey при израелската управа за антиквитети.

ЕEli Escusido, директор на израелската управа за антиквитети, рече дека мечевите се толку остри како да биле скриени токму денес, пренесува BBC.

  • Сокривањето на мечеви и пилуми во длабоки пукнатини во изолирана пештера северно од En Gedi укажува дека оружјето било земено како плен од римските војници или од бојното поле, и дека јудејските бунтовници намерно го криеле за повторна употреба, објасни Klein.

Тој, исто така, истакна дека е можно оружјето да било скриено во времето на бунтот во Bar Kokhba во 132-135 година. пр. Кр., но додаде дека се вршат дополнителни истражувања за да се утврди кој го поседувал оружјето, каде е ковано и во кои историски настани би можело да биде употребено.