Сали го добила Чарли кога имала 23 години и последните седум години тој бил нејзин најдобар и најверен пријател. За жал, неодамна починал.
Сали Грегори Хамет, од Јужна Каролина, никогаш не сонувала дека еден текст што го напишала за своето куче Чарли на крајот ќе го прочита половина планета.
„Знам дека е клише, но тој беше мојот најдобар пријател“, изјави таа за Хафингтон пост.
Како што изјавила, Чарли бил постојан извор на утеха, дружење и радост, а сите што ја познавале, го познавале Чарли, и знаеле колку го сака.
Чарли починал со почетокот на месец септември минатата година по битката со лимфомот.
Борејќи се со тагата, сопственичката решила сè да изрази со зборови, и напишала текст, којшто го нарече „Сеќавајќи се на Чарли“.
Таа напиша за сè што сакаше нејзиното куче, вклучувајќи возење автомобил, банани и чорапи.
„Тој беше добар во многу работи, но најдобар беше во безусловната љубов. Тој ги научи, сите што ги запозна, да сакаат и во секој човек да гледаат по нешто добро.“
Сали ги опиша и последните денови на Чарли како копа дупки на плажа, една од неговите омилени работи.
„Тој се релаксирал во дупките кои ги ископал самиот, но често ќе се нурне во брановите што надоаѓаа. Неговите последни денови беа толку среќни и ќе ги ценам засекогаш. Помислуваме на него секогаш кога ќе отвориме путер од кикирики. Наместо цвеќе, нашето семејство ве замолува да им дадете дополнителна љубов на сите ваши миленици во името на Чарли“ – напиша таа.
Твитот стана вирален, со повеќе од 104 000 лајкови (погледнете сега), а илјадници луѓе изразија сочувство и жалење за починатото кутре.
I wrote my dog an obituary because of course I did. He was the best boy. pic.twitter.com/FKmqeivtq9
— Sallie Hammett (@SallieGHammett) September 22, 2020