Ниту големите, па дури и брилијантните личности од историјата на човештвото не биле имуни на непријателите ниту подбивањата.
Откријте како тие се справувале со тоа во најдобрите 10 одговори:
1. Спарта на Филип II Македонски
Кралот Филип:
“Ако победам во оваа војна, вие засекогаш ќе бидете робови.”
Спарта:
“Ако”.
2. Дороти Паркер на пијаница
Пијаницата:
“Јас не можам да ги поднесам будалите.”
Дороти Паркер:
“Очигледно, мајка ти можела.”

3. Стивен Хокинг на студент
Студентот:
“Тврдите дека би можеле да постојат безброј паралелни универзуми. Дали тоа значи дека може да има паралелен универзум во кој јас сум попаметен од вас?”
Стивен Хокинг:
“Да. Како и универзум во кој си ти духовит”.

4. Махатма Ганди на новинар
Новинарот:
“Што мислите за западната цивилизација?”
Махатма Ганди:
“Мислам дека цивилизација на Запад е добра идеја.”
5. Винстон Черчил на Г. Б. Шо
Џорџ Бернард Шо:
“Ви праќам две влезници од првата вечер за мојата нова претстава. Донесете го и пријателот … ако имате некој.
Винстон Черчил:
“Никако не можам да присуствувам на првата вечер. Ќе дојдам на втората … ако ќе ја има.”

6. Една Фербер на Ноел Каувард
Ноел Каувард:
“Една, па ти речиси да изгледаш како маж.”
Една Фербер:
“Која коинциденција, и ти исто.”
7. Гручо Маркс на натпреварувачка во ТВ шоу
Натпреварувачката:
“Јас имам десет деца.”
Гручо Маркс:
“Десет? Зошто толку многу?”
Натпреварувачката:
“Затоа што го сакам мојот сопруг”.
Гручо Маркс:
“Сакам и јас цигари, но сепак повремено ги вадам од уста.”

8. Еминем на новинарка
Новинарката:
“Луѓето велат дека Лил Вејн е испратен од Бога да ги учи луѓето како да репуваат …”
Еминем:
“Не се сеќавам дека некого сум пратил.”
9. Елизабет Тејлор на новинар
Новинарот:
“Кој машки главен лик ви бил најдобар партнер во филмовите?”.
Елизабета:
“Од оние кои ми се најмили, би требало да спомнам некои коњи и кучиња”.

10. Моцарт на обожавател
Обожавателот:
“Г-дин Моцарт, размислувам за пишување симфонија. Можете ли да ми дадете некои предлог како да започнам?”
В. Амадеус Моцарт:
“Симфониите се сложени музичка форми, можеби би требало да почнете со нешто едноставно, а потоа полека да дојдете до симфонија”.
Обожавателот:
“Но, г-дине Моцарт, вие сте пишувале симфонии на возраст од осум години!”
Моцарт:
“Точно, но никогаш никого не сум прашал како тоа да го работам.”



















