Храбри жени | Докторка која го ставила своето породување на пауза за да породи пациентка

564

Д-р Аманда Хес е гинеколог во Frankfort (Кентаки, САД), и нејзина работа е да им помога на бебињата кои доаѓаат на овој свет.

Минатата недела отишла на клиника, но не како гинеколог, туку како родилка.

Додека била во собата да се подготви, слушнала друга трудница која врескала. Родилката Лија Холидеј Џонсон била целосно отворена и подготвена да го избутка бебето. Нејзиниот доктор не бил на местото, а бебето веќе тргнало.

Таа вели дека преку нејзината болничка наметка префрлила друга наметка преку грбот и навлекла некои чизми, за да стаса до собата на родилката кога сфатила дека ја познава.

Докторката ја препознала својата пациентка која кај неа одела на редовни прегледи. Можеме само да замислиме колку на родилката и олеснало, и колку и било полесно и поубаво кога здогледала познато лице!

Ова супер мама се облече и ја завршила својата работа, иако не била на должност.

Ѝ помогнала на друга мајка да се породи, а потоа се вратила во својата соба и се породила само неколку часа подоцна.

Честитки за двете мајки, а особено на дорката, која и пред раѓањето на своето дете, извршувала повеќе задачи – мултитаскинг.