Откриено е во кои години луѓето се најчесто склони кон прељуба

181

Ако доживеете партнерот да ве изневери, тоа е навистина страшно искуство.

Поради тоа е разбирливо што многу луѓе внимателно бараат докази со кои би можеле да го разоткријат неговото неверство.

Научниците откриле нешто што може да ви помогне. Имено, веројатноста дека партнерот ќе ве изневери е особено голема во одредени години.

Научниците тврдат дека луѓето кои имаат 39 години се посклони кон неверства. Истото важи и за 29-годишниците и 49-годишните. Објаснуваат дека луѓето се мошне осетливи и склони кон екстремно однесување кога ги заокружуваат десетиците од животот.

Оваа теорија ја поткрепуваат дури шест истражувања кои ги спровеле научници од Универзитетот Њујорк и Калифорнија. Анализирале податоци од бројни„дејтинг“ платформи каде што испитувале лица од различни возраст.