МИСТЕРИИТЕ НА ВСЕЛЕНАТА | Шефот на руската вселенска агенција признал дека Москва се занимава со НЛО и спомнал теории од кои човек да се наежи

1983

„Можеме да проучуваме бактерии, но исто можеме да бидеме проучувани исто како бактериите“, рече Дмитриј Рогозин.

Шефот на Руската вселенска агенција (Роскосмос), Дмитриј Рогозин изјавил дека верува во постоењето на вонземски живот кој би можел да биде поинтелигентен и технолошки далеку понапреден од човештвото, пренесува порталот RT.

Илјадници фактори би можело да придонесат за создавање живот каде било во вселената, рече Рогозин, додавајќи дека способноста на луѓето да го проучуваат просторот се уште е многу ограничена.

„Ја знаеме теоријата на Големиот блесок, но што ако тој се случи само во одреден дел од универзумот видлив за нас“? се прашува шефот на Роскосмос, додавајќи дека можеби има некои други светови.

Руската академија на науките, исто така, спроведува студии поврзани со вонземски живот, особено феноменот НЛО, рече Рогозин, но додаде дека 99,9 отсто од таквите случаи, испитани од руски експерти, се покажало дека се „атмосферски и други физички феномени“ кои немаат никаква врска со било какви хипотези за вонземски интелигентен живот.

Рогозин, исто така, изјавил дека лично ги прегледал извештаите на советските пилоти.

Сепак, како можност, тој исто така дозволил дека може да има форми на живот кои напреднале до такво технолошко ниво што можат да ја проучуваат човечката цивилизација и нашата планета исто како што ние луѓето правиме со другите видови овде на Земјата.

„Можеме да ги проучуваме бактериите, но можеме да бидеме проучувани исто како бактериите“, нагласи и заклучи:

„Можеби веќе сме изложени на надворешно набљудување, но … исто така е можно нашата технологија и сегашното разбирање на науката да не бидат доволни за да нè направат свесни за тоа“.