Тридневна диета со јаболка

128

Јаболките ги има во изобилство, свежи и со одличен вкус, па затоа сега е вистинското време за оваа тридневна диета која се базира токму на нив.

Диетата со јаболки е една од попознатите диети, а безбедна е за практикување токму поради своето кратко траење од три дена и позитивните ефекти кои ги има на здравјето. Затоа што јаболката имаат минимално количество на калории, со оваа диета за 3 дена може да изгубите и до 2,5 килограми.

Како функционира тридневната диета со јаболка? Калиумот и овошната киселина се здружени за согорување на калориите, подобрување на метаболизмот и регулирање на варењето, гликозата го одржува шеќерот во крвта на оптимални ниво, а една јаболка со просечна големија има само 90 калории.

Во текот на оваа диета нема да почувствувате глад, а мал совет е јаболките добро да ги измијте. Не ги лупете бидејќи токму во слојот непосредно под лушпата се кријат најголемите корисни хранливи материи кои јаболките ги содржат.

Еве и план за диетата до кој треба да се држите:

Првиот ден за појадок изедете едно парче интегрален леб со свежо кравјо сирење и три кришки јаболка. За ужина изедете обичен крекер и едно јаболко, додека ручекот може да биде обилен – околу 140 гр риба, една јаболка, еден портокал и целер. Попладневната ужина се состои од 85 г кравјо сирење и 1 јаболко, а за вечера подгответе две сендвичиња од ‘ржан леб со сирење.

Вториот ден започнете го со 30 гр овесна каша, 130 мл млеко, лажица суво грозје и 1 јаболко, за ужина изедете едно јаболко. За ручек подгответе си една палачинка од млеко и јајца која ќе ја наполните со рендано јаболко. За попладневната ужина консумирајте 80 гр безмасен јогурт и половина јаболко. Вечерата нека се состои од 40 гр ориз помешан со половина банана и 1 јаболко.

Третиот ден започнете го со парче ржан леб со парче кравјо сирење и јаболко, а за ужина изрендајте 1 јаболко во 140 гр јогурт и додадете малку цимет и сок од еден лимон. За ручек почестете се со 80 г печени пилешки гради со 1 изрендано јаболко, црвена пиперка и цеден лимон. Јаболкото нека ви биде и попладневна ужина, а диетата ја завршувате со вечера, односно со салата од 2 моркови, 1 јаболко, лажица суво грозје и 50 гр безмасно сирење.

Во текот на овие 3 дена не заборавајте да пиете голема количина вода. По диетата ќе се чувствувате полесно, а тоа ќе биде така бидејќи навистина ќе бидете полесни.