Колку сме далеку од електричните комерцијални авиони | Батерискиот пакет за Boeing 737 е голем колку и самиот авион

2140

Со помош на литиум-јонските батерии можат да летаат мали, компактни електрични авиони како X-57, но кај големите авиони веќе има проблем …

Бројни инженери и техничари работат во различни делови на светот на развој на авиони со електричен погон. Airbus работи на тоа под името E-Fan.

Airbus – E-Fan

Rolls-Royce, најпознат по своите млазни мотори, го гради својот Spirit of Innovation, додека Honda го развива својот eVTOL, кој може да полета вертикално.

Rolls Royce – Spirit of Innovation

Сепак, не мирува ниту NASA, американската вселенска агенција. Од 2015 година, на работ на пустината Mojave во Калифорнија, техничарите работат на авион на електричен погон X-57 кој ќе го направи својот прв пробен лет од Armstrong Flight Research Center на NASA, во близина на Los Angeles, на почетокот на следната година. X-57 е двосед и го движат четиринаесет електрични мотори, распоредени на две крила.

NASA X-57

Моторите на пропелерот добиваат енергија од литиум-јонски батерии кои му даваат домет од 160 километри и брзина од 275 километри на час.

Со помош на литиум-јонските батерии, мали, компактни електрични авиони како X-57 можат да летаат. Но, во случајот со големи авиони, полни со патници и товар, на пример на летот од Амстердам до Њујорк, тоа е сосема друга работа. Денешните батерии се несоодветни, премногу се тешки за да овозможат полетување и летање на големи авиони.

– За напојување на Боинг 737, ќе ви треба пакет батерии со големина на самиот авион. Тежината игра уште поголема улога во авионите отколку во автомобилите, рече Jim Heidmann, главен извршен директор за технологија на воздушниот сообраќај на NASA. Тој пакет исто така би тежел многу повеќе од самиот авион.

Затоа, воздухопловната индустрија ќе продолжи да ја чека батеријата на иднината, помала и полесна. Сè додека недостасуваат такви батерии, поголемите авиони за долги меѓународни летови може да се подготват за поодржливи и попријатни за климата летови само со помош на хибридна технологија, комбинација од батерии и гориво.

Cessna – AeroTEC и magniX

Во меѓувреме, NASA и другите компании ќе се погрижат да се развие потребната технологија за електрични авиони. Помина времето кога индустријата ја отфрли идејата за авиони само со електрична енергија. Пример за ова е успешниот лет на Cessna за девет патници модифициранa од AeroTEC и magniX.