Овие работи никој нема да ви ги каже | „Избегнувајте го овој дел од продавницата во широк лак!“

1398

Ако може да ѝ се верува на поранешната вработена во супермаркет, работата во продавница може да биде забавна, но понекогаш прилично одвратна.

Поранешна работничка во супермаркет открива интересни и прилично одвратни детали за работата во една од најпопуларните продавници за храна во Обединетото Кралство, пренесува The Sun.

Жена од југоисточна Англија работела во еден супермаркет седум години, до 2014. година и тврди дека уживала во неа бидејќи тоа ѝ била првата вистинска работа.

Признала дека таму стекнала доживотни пријатели и се пошегувала дека во малопродажбата добрите пријателства се клучни за опстанок. Работела со некои одлични менаџери кои ја истакнувале работата на персоналот, но и со некои кои не биле толку блескави.

Избегнувајте тоалети

Таа напомна и некои одвратни аспекти од работењето во супермаркетот.

“Бев Прва помош, за што мислев дека е благородна работа. Меѓутоа, бидејќи работев во студентскиот кампус, имаше многу студентски опивања. Тоа значи дека бев чистач на повраќаици. Еден студент дури и поврати врз мене додека му носев кофа. Тоа би било најодвратното нешто што ми се случило. Тука се и тоалетите на одвратно ниво, и ако сте муштерија, обидете се да ги одминете, дури и оние кои се за персоналот“, признава таа.

Се присети на случај кога еден од вработените секој ден не пуштал вода по голема нужда, и покрај бројните предупредувања.

Бидете љубезни со персоналот

Поранешната работничка во супермаркет откри дека најдобро време од денот за пазарење е помеѓу 7 и 8 часот наутро, и околу 11 или 20 часот.

Нагласи дека клиентите често стануваат предмет на потсмев кога се груби со вработените во продавницата, па ги охрабрувала клиентите да бидат љубезни.

„Нешто што ги изненадува луѓето е колку пекарски производи се замрзнати! Мојата работа во пекарницата беше да ги одмрзнам пекарските производи или понекогаш да ги ставам во рерна на 20 минути. Малку од работите се печат во продавницата. Сепак, страшно е колку се фрла, особено пекарските производи. На крајот од смената сѐ се фрла. Кога работев таму, се мачев да ги испратам остатоците на бездомниците, но тоа би било со еден куп правни потешкотии, иако мислам дека ситуацијата сега ќе беше поинаква“, додаде таа.