Историски момент без кој немаше да има луѓе на Месечината | Видео

1313

Пред точно 54 години, на 9. ноември 1967. година, беше лансирана првата американска ракета Saturn V за мисијата Apollo 4. Висока околу 110 метри со маса од дури 3.000 тони.

Тогаш тоа беше најмоќната, најголемата и најтешката ракета некогаш направена. Првото лансирање беше извршено од вселенскиот центар Kennedy на Флорида, и тоа без човечки екипаж.

Тоа време најголем медиумски настан. Меѓу присутните новинари беше и познатиот Walter Cronkite, кој известуваше за CBS. Наводно, вибрациите за време на лансирањето биле толку силни што зградата во која се наоѓал Cronkite силно се тресела.

Мисијата се сметала за комплетно успешна бидејќи летот поминал без никакви проблеми. Подоцна се лансирани уште 12 ракети Saturn V, така што вкупно се извршени 13 лансирања, а од тоа НАСА со помош на шест ракети успеала да испрати луѓе на површината на Месечината.