Испишана нова историја во фудбалот | Македонија има шанса за Катар

1375

Македонските фудбалери ја испишаа повторно историјата, откако игравме Европско првенство сега ќе играме бараж за пласман на Светско првенство.

Македонија победи против Исланд со 3:1 и дојдовме до најголемиот успех во едни квалификации за Светско првенство, конечно го имаме тоа второ место, единствено пред нас е Германија.

Македонија уште на самиот старт поведе со голот на Езгјан Алиоски по одличната асистенција на Александар Трајковски, во седмата минута.

Студен туш на Арената „Тодор Проески“ донесе Јон Торстеинсон, кој стрелаше за израмнување по една асистенција од Брињар Инги Бјарнасон. Овој гол беше прегледуван и на ВАР, но офсајд немаше.

По овој гол како да имаше мал шок кај македонските фудбалери, па беа дозволено Исланд да дојде до шанса за водство.

Сепак работите на свое место ги донесе Елиф Елмас со гол во 65-тата минута, по една гужба во 16-те метри на Исланд.

Алиоски за 1:0

Во 79-тата минута по еден фаул над Елиф Елмас, поцрвене Јоханесон, откако доби втор жолт картон.

Конечните 3:1 ги постави Елиф Елмас во 86-тата минута со еден преубав гол.

dribling.mk