Во Италија се појави нова, добро платена, пред се телевизиска професија: „продавач на свое мислење“, пишува весникот „Domani“.
Кога некој ќе ги праша „од што живееш“, тие луѓе ќе ти кажат: „Јас сум опиониста“.
За да може некој да биде продавач на своето мислење, не е потребно да се биде експерт или техничко лице, не е потребно да се имаат идеи, важно е да се има мислење за сè и за секого, пишува Валтер Сити за „Domani“.
Тоа се луѓето со кои водителот на телевизиската програма зборува за сè и сешто, а „мислењата“ одат од една во друга програма и канал, што значи дека специјализација не е неопходна.
Нивно поле на активност се ТВ спектаклите, како што се разни реални програми или попладневни програми во кои се откриваат нови таленти, спортски емисии или шоу за ноќни телевизиски озборувања, пишува авторот на статијата.
Првата задача на „продавачот на своето мислење“ е да се кара. Рејтингот на нивните програми е висок, далеку над оние во кои актуелните социјални теми се третираат темелно, заклучува Сити.
Ова му дава на гледачот впечаток дека идеите не решаваат ништо, но едно мислење е валидно, како и друго додека домаќинот на програмата не го исклучи микрофонот, заклучува Валтер Сити.



















