
Научниците откриле мали честички загаден воздух во мозокот на млади починати лица, за кои велат дека можат да ги оштетат мозочните клетки на сличен начин како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
Истражувањето, објавено во списанието „Environmental Research“, ги анализирало мозочните состојби на 186 починати млади луѓе од Мексико Сити, на возраст од 11 месеци до 27 години. Траги од контаминација се пронајдени во мозокот на секое починато лице вклучено во истражувањето.
Овие контаминирани честички се наоѓале во областа на мозокот од клучно значење за развојот на Паркинсонова болест, а научниците веруваат дека тие можеле да навлезат во човечкиот систем преку носот или цревата.
Оваа студија е сè уште во почетна фаза, рече професор од Универзитетот во Ланкастер и еден од авторите на истражувањето, Барбара Матер.
Таа за „Гардијан“ изјави дека резултатите од истражувањето ја поддржуваат теоријата дека постои директна врска помеѓу невродегенеративните болести и загадувањето.
Доколку оваа врска биде потврдена, тоа може да стане голема грижа за човештвото, имајќи предвид дека околу 90 проценти од луѓето на Земјата живеат во области каде нивото на загадување на воздухот ги надминува границите утврдени од Светската здравствена организација.
Според извештајот на СЗО од 2016 година, околу три милиони смртни случаи годишно се поврзани со последиците од загадениот воздух.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.