Научниците предупредуваат | Арктичките езера пресушуваат | Видео

1016

Американските истражувачи неодамна го привлекоа вниманието на уште една закана што се наѕира над Арктикот, а тоа е исчезнувањето и намалувањето на арктичките езера, пренесува Climate 101.

Студијата, објавена во списанието Nature, открива дека езерата ширум Арктикот се намалиле или целосно пресушиле во последните 20 години.

Замрзнатото тло што го покрива Арктикот придонесува за сушење на езерата и го неутрализира претходно опишаниот ефект од нивното ширење, а брзо се топи поради зголемувањето на температурата на воздухот и врнежите во текот на есента.

Според авторите на истражувањето, топењето на вечниот мраз може да ја намали површината на езерото преку создавање подземни одводни канали и зголемена ерозија.

Научниците очекуваат трансформацијата на арктичкиот пејзаж да продолжи и во иднина.

Арктикот е регион кој се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек, глечерите се топат, а пожарите стануваат се почести и поопасни.

Заедниците на луѓе кои живеат таму се изложени на ризик од недостиг на храна, а животните и растенијата не се навикнати на условите кои постојано се менуваат.

Наодите на научниците, базирани на сателитски снимки, даваат увид зошто езерата се сушат.

Областа, која се протега низ северните делови на Канада, Русија, Гренланд, Скандинавија и Алјаска, инаку е богата со езера.

Помеѓу 20 и 40 проценти од арктичките низини се езера, што е најголем дел од површинските води во копнениот биом, според научниот труд.