Авиокомпаниите првите стјуардеси ги регрутираа од редовите на медицински сестри.
“Луѓето се нервозни за време на летот, турбуленциите во воздухот беа поизразени, благодарејќи на авионите кои летаа многу ниско. Во авионот е потребен човек кој на патниците ќе им пренесе чувство на сигурност и помогне да се чувствуваат поудобно.”
Така што во 1930 година челниците на Боинг за воздушен транспорт (подоцна Јунајтед ерлајнс) го оправдаа фактот на воведување стјуардеси во авионите и нивното регрутирање од редовите на медицинските сестри.
Затоа, првите униформи на стјуардесите потсетува на нивната облека, но таа подоцна стана имиџ на летечките компании, а со тоа стјуардесите станаа небесни модни икони.
На 15 мај 1930 година во авионот на БАТ, на линијата помеѓу Оукланд – Чикаго и официјално беше преставена првата стјуардеса Ellen Church.