Тесла од Бали | Wayan Sumardana, момче инвалид си направи био-механичка рака! Фото/Видео

255

Сопственик на една работилница на островот Бали во Индонезија си направил био-механичка рака од парчиња метал.

Wayan Sumardana доживеал мозочен удар пред шест месеци и од тогаш неговата лева рака е неподвижна. Во неговата работилница за заварување не можел да работи со една рака, па тој ги искористил своите вештини и направил механичка рака, со која ја вратил мобилноста.

Од собраните парчиња метал во неговата работилница, тој направил потпирач кој е врзан за главниот уред.

– Го вклучувам главниот уред, LED светлото се пали, што значи дека прима сигнали од мозочните бранови. Овие сигнали се пренесуваат на преносливиот уред кој има функција на прекинувач.

Тој е поврзан со батерија, која се наоѓа во моторот, што на крајот механичката рака ја прави активна. Тоа е прилично едноставен процес – објасни Sumardana.

Неговата приказна ги интригира локалните медиуми, и тој сега е познат како “Човекот од железо”. Стана човек кој го надминал својот хендикеп, така што продолжил да го издржува своето семејство.

Се надева дека ќе им помогне и на другите луѓе. Гувернерот на Бали бил трогнат од неговата приказна ѝ донирал $ 3.500.