Совет за живот со безболни менструации

1610

Менструацијата обично е проследена со грчеви и пад на нивото на хормоните. Еве како да ја намалите болката.

За време на менструацијата се соочуваме со стомачни болки, но и нарушена физичка и емотивна состојба.

Следниве неколку совети би требало да ви помогнат полесно да ги пребродите овие денови во месецот

Пробајте да се опуштите под топол туш или релаксирајте ги мускулите со термоформ кој треба да го поставите на долниот дел од стомакот и грбот.

Извадете го ременот, соблечете ги тесните фармерки или било кое друго парче облека кое ве стега во пределот на стомакот.

Избегнувајте кафе и генерално пијалаци со кофеин кои кај многу жени уште повеќе ги зголемуваат болките.

И зеленчукот може да ги ублажи менструалните тегоби. Пробајте сок од морков или сварете супа.

Ајдучката трева делува противвоспалително, ги ублажува грчевите и добро влијае на нервозата. Чајот од ајдучка трева ја подобрува работата на бубрезите, ја поттикнува циркулацијата, ги намалува тешкотиите при реума и гихт. Многу е популарна кај жените бидејќи помага при сите тегоби врзани со менстурацијата, и кога е обилна и кога е слаба, ги ублажува грчевите на матката, симптомите на ПМС, нервозата и го намалува воспалението на јајниците

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.