Ова се виновниците за нашите брчки

220

Откријте кои се главните виновници за појава на брчки, за да знаете како да го успорите процесот на нивното појавување.

Пушење

Оваа навика предизвикува намалување на дотокот на крв во организмот. Како резултат на тоа доаѓа до создавање на брчки околу очите и усните. За да го спречите овој проблем, потребно е да престанете или да го намалите пушењето.

Несоодветна исхрана

За спречување на создавање на брчки, битно е во исхраната да внесете намирници кои содржат витамини и минерали. Најдобар начин тоа да го постигнете е дневно да консумирате по три порции зеленчук и две порции овошје

Стареење

Главна причина за појава на брчките на лицето е стареењето. Како што старееме, така доаѓа до губење на хидратацијата и еластичноста на кожата на лицето. Кожата обично го губи првобитниот сјај, но за среќа постојат голем број креми против стареење кои можат да помогнат при решавањето на овој проблем.

Прекумерно внесување кофеин

Прекумерното внесување на кофеин (кој го има во кафето, чајот, газираните пијалаци), исто така може да предизвика појава на брчки.

Дехидратација

Дали знаете дека дехидратацијата предизвикува појава на брчки? Ако не пиете доволно вода, кожата има тенденција да стане сува, односно не е во можност да ги генерира новите клетки, што предизвикува создавање на брчки и линии на кожата.

Изложување на сонце

Сончевите зраци штетно влијаат на кожата и се едни од главните причинители на создавање на брчки. Преголемата изложеност на сонце доведува до создавање линии околу очите и усните. Се препорачува секогаш да користите заштитна крема или лосион, па дури и кога нема многу сонце.