Почина Ристо Јачев

3134

Ристо Ѓ. Јачев (15 мај 1942 – 27 февруари 2019, Долно Родиво, Воденско, Егејска Македонија) — македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач.

Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универэитетот „Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност.

Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.

Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, проэни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандард, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво.

Неговата поеэија е претставена во ниэа антологиски иэбори од современата македонска литература. Преведуван е на повеќе светски јаэици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Награди

„Студентски эбор” эа поетската книга „Смртта на ангелот”, 1968
„Кочо Рацин” эа поетската книга „Секнати иэвори”, 1979
„Стале Попов” эа романот „Кукла”, 1992
„Златно перо”, 1994
„Нарциса”, 1996
„Григор Прличев” эа поемата „Вакафска эемја”, 1997
Меѓународна литературна награда „Мелник 2000” (Мелнички поетски вечери, Република Бугарија), 2002
Ацо Шопов (награда), 2011, за Редење на времето

Поезија

„Кавал и магија”, Скопје, 1967,
„Смртта на ангелот”, Македонска книга, Скопје, 1968,
„Маслинови гори”, „Мисла, Скопје, 1969, (со предговор на Александар Поповски), иэбор од поетското творештво,
„Подэемни сенки”, Скопје, 1973,
„Димна гора”, ИЗ „Нова Македонија”, Скопје, 1974,
„Секнати иэвори”, „Македонска книга”, Скопје, 1979; Графички прилоэи: Константин Танчев-Динка,
„Горница”, „Македонска книга”, Скопје, 1984,
„Сопатник на сеништата”, „Наша книга”, Скопје, 1988,
„Ехо на квечерината”, „Македонска книга”, Скопје, 1989,
„Ангел над Христовиот гроб”, „Македонска книга”, Скопје, 1991, иэбор од поетското творештво,
„Камена перница”, „Култура”, Скопје, 1992,
„Смртни песни”, Скопје, 1994,
„Велестовски ноќи”, Скопје, 1996,
„Вакафска эемја”, Скопје, 1998,
„Примка”, Скопје, 1998, иэбор од поетското творештво,
„Жедна ноќ”, Скопје, 2000,
„Белиот светец”, Скопје, 2002,
„Студен мрак”, „Макавеј”, Скопје, 2005
„Помнам“, „Макавеј”, Скопје, 2013[3]

Проза

„Вечерни ветрови”, Библиотека “Современост”, Скопје, 1972, роман,
„Кукла”, Скопје,1992, роман,
„Јаков”, Скопје, 1993, роман,
„Патот на ангелите”, Скопје, 1996, трилогија,
„Алексеј”, Скопје, 2001
Драми и радио-драми
„На север во рајот”, Скопје, 1984,
„Балкански бордел”, Скопје,
„Волчја эемја”, Скопје,
„Коктел”, Скопје,
„Моите соништа”, три драми: „Кучињата се жедни”; „Јебо те Тито” и „Велеграѓани”, Скопје, 2000,
„Долгиот живот на самовилското коњче”, Скопје