ШТО Е СЕГА ОВА “КОВИД ПРСТИ” ?! Чуден симптом на Ковид ги збунува лекарите. Се јавува и месец дена по инфекцијата

3267

Во рамките на болеста, се јавува воспалителна промена со црвенило на рацете и нозете, состојба која понекогаш трае со месеци – наречена е “ковид прсти”.

Промени на кожата познати како “ковид прсти”, на нозете би можеле да претставуваат несакан ефект во борбата на имунолошкиот систем против вирусот, покажале новите истражувања.

Во рамките на болеста, се јавува воспалителна промена со црвенило на рацете и нозете, состојбата понекогаш трае со месеци и наликува на кожа изложена на студ. Обично се развива во рок од една недела до четири недели од инфекцијата и може да се манифестира со оток на прстите на рацете и ноизете или со промена на бојата на кожата.

Преклопување со интерферон тип I

Истражувачите, кои резултатите ги објавиле во British Journal of Dermatology, проучиле 50 луѓе со ковид прсти на нозете и 13 со слични промени на кожата што се случиле пред пандемијата.

Откриле дека еден механизам е зад двете состојби. Телото создава имунолошки одговор со високо ниво на одредени автоантитела, кои погрешно се насочени и реагираат не само на вирусот, туку и ги напаѓаат клетките и ткивата на болниот.

Откриле и преклопување со интерферонот тип I, клучен протеин во антивирусниот одговор.

Малку е познато за овие промени

Покрај имунолошкиот систем, клетките што ги обложуваат крвните садови кои ги снабдуваат погодените области, се чини дека играат клучна улога во развојот на ковид-прстите и промените на кожата.

Водачот на студијата д-р Charles Cassius рече дека истражувањето овозможило подлабоко разбирање на таа кожна состојба.

“Епидемиологијата и клиничките карактеристики на овие промени на кожата се опширно проучени и објавени, меѓутоа, малку се знае за патофизиологијата на овие промени”, рече тој. “Нашата студија дава нови сознанија.”