Нема врска што сте вакцинирани | Затоа што: “Не е во ред да претпоставувате дека повеќе не можете да се заразите и да заразите некој друг” 

609

Преносот на коронавирус е под влијание на неколку фактори, а не само статусот на вакцинација и вирусното оптоварување – така и понатаму треба да носите маска.

Вакцинираните треба да продолжат да носат заштитни маски во јавност, бидејќи тие сѐ уште можат да носат, а можеби и да шират, исто толку вируси колку и невакцинираните луѓе без да бидат свесни за тоа, покажуваат податоците од новото американско истражување.

Повеќето инфекции се предизвикани од делта варијантата

Научниците ја анализирале количината на вирусот, т.н. вирусно оптоварување, кај 869 пациенти за време на дијагнозата, вклучувајќи 632 кои биле асимптоматски, пренесува британската агенција Reuters.

Повеќето инфекции се предизвикани од многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Тие не пронашле статистички значајни разлики во просечното вирусно оптоварување помеѓу вакцинирани и невакцинирани лица, или помеѓу оние со или без симптоми, или помеѓу различни возрасни групи, полови или типови на вакцини, според извештајот објавен на веб -страницата medRxiv. Истражувањето сѐ уште не поминало рецензија.

На преносот на вирусот влијаат неколку фактори

„Нашата студија не дава информации за заразноста“, рече Richard Michelmore од Калифорнискиот универзитет Davis, истакнувајќи дека преносот на вирусот е под влијание на неколку фактори, а не само статусот на вакцинацијата и вирусното оптоварување.

„Не е во ред да се претпостави дека, бидејќи сте вакцинирани, не можете да се инфицирате или не можете да заразите некој друг, дури и ако сте асимптоматска личност“, рече тој.

Вакцините против Ковид-19 ги намалуваат шансите за инфекција и ја намалуваат сериозноста на болеста. Сепак, луѓето вакцинирани против коронавирусот сѐ уште треба да носат маски во јавност, бидејќи би можеле да заразат други ако се заразат самите себе, советуваат научниците.