Митовите за метаболизмот

1539

Метаболизмот е често обвинуван за неможноста на човек да се раздели со вишокот килограми.

Познато е дека метаболизмaот е начинот на кој телото ја претвора потрошувачката на храна во енергија, но не брзајте да го обвините метаболизмот за сите ваши неуспеси во однос на тежината.

Според доктор Карен Ансел постојат неколку вообичаени митови за метаболизмот, во кои за жал многу луѓе веруваат. Еве и кои се тие:

Метаболизмот се забавува по 30-тата година

Ако се приближувате кон овие години или неодамна сте ги наполниле, треба да ве смириме дека сѐ уште нема место за загриженост. Според доктор Ансел метаболизмот се забавува побрзо кон 40-тата година, отколку кога човек ќе наполни 30. Токму по 40 години човек почнува да губи мускули, но со соодветни вежби можете да ги подобрите функциите на своето тело.

Човек или има добар метаболизам, или лош

“Секој човек си мисли дека има побавен метаболизам”, вели Ансел. Всушност најлесно е да го обвинувате вашиот метаболизам за неможноста да слабеете – како да е надвор од вашата контрола. Според експертот сепак не треба да ја споредувате својата размена на материи со онаа на другите луѓе, туку треба да ја пратите на потрошувачката на калории и нивото на активност.

Не може да го промените својот метаболизам

Слично на претходниот мит, не треба да се обесхрабрувате со идејата дека сте родени со побавен метаболизам и не можете да направите ништо за ова прашање. Според доктор Ансел е важно човек да се вежба и да ја одржува мускулната маса. Со потребните здравствени промени во вашиот животен стил може да го зајакнете својот метаболизам.Постојат некои видови храна кои исто го засилуваат метаболизмот, но земајте ги само како помошно средство и не се потпирајте само на нив.

Супер слабите луѓе имаат многу брз метаболизам

Секој знае дека луѓето кои се природно слаби, можат да се хранат, со што сакаат. Според Ансел сепак овие луѓе не се хранат во текот на целиот ден со многу храна, туку компензираат пообилно јадење со помалку храна подоцна, на пример. Овие луѓе умеат да се потпираат знаците на своето тело и да се хранат спрема нив. “Понекогаш овие луѓе дури и не знаат дека сами ги определуваат прехранбените навики или дека умеат да го слушаат своето тело”, смета експертот. Обрнувајте поголемо внимание на сигналите на глад, кои вашиот организам ви ги праќа и надградете со физичка активност.